Вучиќ: Кризата има се поголемо политичко и економско влијание врз Србија

 Кризата поради војната во Украина е нешто што драматично ја погодува Србија и таа е во исклучително тешка ситуација, истакна вечерва претседателот Александар Вучиќ во вонредното обраѓање до јавноста, додавајќи дека Србија се соочува со огромен притисок каде ретко кој сака да чуе аргументација, јави дописникот на МИА од Белград.

-Денес има помалку од кога било разбирање за позицијата на Србија и нашиот народ насекаде во светот, изјави Вучиќ и додаде дека на денешната седница на Генералното собрание на ОН Србија се придружила кон осудата на нападот врз Украина.

„Не можевме и не се осмеливме тоа да го премолчиме”, кажа тој, додавајќи дека во текстот на резолуцијата не се споменуваат никакви санкции против Русија.

-Од 13 акти, гласавме за четири, не можевме да гласаме за девет бидејќи тоа се декларации кои значеа воведување санкции против банкарскиот сектор на Русија, или на воздушниот транспорт или на поединци, од Путин, Лавров, Песков до други. Ние секогаш се приклучувавме кон осудата на рушењето на територијалниот интегритет, бидејќи сметаме дека тоа е принципиелна, сериозна и одговорна позиција, која не го нарушува меѓународното јавно право, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека очекува Русија да биде исфрлена од ОН, по што ќе следи притисок врз Кина да ја смени резолуцијата 1244. После тоа, рече тој, Србија веќе нема правна основа да се повика за зачувување на нејзиниот територијален интегритет, а потоа би следело и признавање на Косово од оние земји кои не го направија тоа.

-Мислам дека ова е само почеток и тоа сакам да им го кажам на граѓаните на Србија. Притисоците врз нашата земја ќе бидат огромни во наредниот период, кажа Вучиќ, оценувајќи да очекува „неколку политички замки” за Србија во наредниот период, потсетувајќи дека Приштина бара членство во НАТО.

Тој кажа дека Министерството за надворешни работи на Србија подготвило протестна нота за Турција бидејќи го поддржала членството на Косово во НАТО, а вечерва ќе се одлучи дали таа ќе биде предадена.

Во врска со притисоците врз Србија, Вучиќ кажа дека тие не го „вклучувале и доведувале во прашање кандидатскиот статус на Србија во ЕУ.”

Срспкиот претседател кажа и дека пради се поголемиот раст на цените во енергетиката и храната и другите производи во светот, Србија подготвила планови и мерки за заштита на стопанскиот и финсискиот систем.

Back to top button
Close