Вучиќ најави дека за неколку дена ќе објави програма со мерки со кои ќе се ограничат маржите и ќе се намалат цените


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека за неколку дена ќе биде претставена нова програма за помош на граѓаните во рамки на економските мерки, меѓу кои ќе биде ограничувањето на трговските маржи со цел намалување на цените на прехранбените производи.

„Верувам дека резултатот ќе биде целосно намалување на цените, но не за еден производ, туку за илјадници производи, групи производи. Ќе имаме десетици групи производи. Маржата мора да биде помала и очекувам дека цените во Србија ќе се намалат за повеќе од 15-20 проценти. Пред се, зборувам за прехранбениот сектор, односно од житарки, леб, масло, брашно, се друго што е потребно, односно она што е најпотребно за секојдневниот живот, до безалкохолни пијалоци, така што сето ова ќе падне на 20 проценти и верувајте ми, ќе успееме“, рече Вучиќ на ТВ Пинк.

Тој додаде дека цените во Србија се на ниво од 95 проценти од просечните цени во Европската унија.

Вучиќ тврди дека некои синџири на снабдување влегле со маржа од 18 проценти, како што е германски Лидл, а потоа ги зголемиле тие маржи речиси двојно. Како што рече, без разлика дали на малопродажните синџири им се допаѓа или не, ќе се работи на многу полиња за да им се овозможи на луѓето полесно да ја преживеат есента.

„Ги зедовме моделите на Унгарија, Романија и Северна Македонија, разгледавме се што направија во претходниот период, за да видиме како да ги намалиме цените“, рече Вучиќ.

Тој, исто така, најави измени во законот за трговија.

Back to top button
Close