Вучиќ најави протести против студентските протести: Ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, со мирни и демократски средства, а не со насилство, јавува Анадолија.

„Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро ќе има повик до луѓето, до луѓето низ Србија, да се борат за својата земја, да се борат за својата Србија, со мирни, демократски средства, не со насилство, не како што тоа го направија некои други“, рече Вучиќ во видеото од општински комитет на партијата на Србија.
Тој додаде дека синоќа добиле информација дека ќе бидат спречени „мирно да протестираат против нивниот терор“.
„Србија се крева“, „Народот во Србија веќе не се плаши од никого и ништо, ниту од блокатори, ниту од политички терористи кои фрлаат солзавец во парламентот, ниту од никого“, посочи тој.
Вучиќ додаде дека Србија се крева, нагласувајќи дека секој може да падне, но дека силата на Србија е во тоа што секогаш се исправа со неверојатна брзина, се исправа и се бори за својата иднина.