Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија

Српскиот претседател синоќа, нешто пред полноќ сеобрати до јавноста откако беа организирани протести во неколку градови низ Србија – особено во Нови Сад, Белград и Ниш – поради наводното насилство на поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) врз граѓаните за време на претходните демонстрации во вторник вечерта во Врбас и Бачка Паланка.

. (Photo by ANDREJ ISAKOVIC / AFP)

Според Вучиќ, повеќе од 60 граѓани биле повредени во инцидентите во Нови Сад во среда вечерта. Тој додаде дека 16 полицајци биле повредени, меѓу кои двајца со сериозни повреди на вилицата и градите.

Српскиот претседател рече дека „се воспоставува контрола“ и дека поголем број полицајци ќе бидат на улиците.

„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија. Важно е што, благодарение на мудроста и трпението на огромен број граѓани, чудесно успеавме да го зачуваме мирот засега“, рече Вучиќ.

Со драматичен тон, тој потврди дека во Нови Сад „до пред неколку минути беше прашање дали околу 300 граѓани кои ја чуваа нивната куќа ќе преживеат“, алудирајќи на поддржувачите на СНС собрани пред седиштето на партијата во Нови Сад кои, според него, „се спротивставија на насилниците и блокадите“.

Спротивно на неговите изјави и оние на полицијата, демонстрантите тврдат дека всушност тие биле нападнати синхронизирано од поддржувачи на СНС, меѓу кои, како што наведуваат, има луѓе со „сомнително минато“, ангажирани да предизвикуваат инциденти и да провоцираат полициска интервенција.

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ и граѓани, а едно лице беше снимено со пиштол

Back to top button
Close