Вучиќ објави дека во наредните 24 аса очекува „феноменални политички вести“ за Србија
Почитувани граѓани, Среќна Нова година, а во следните 24 часа верувам дека ќе се радуваме на некои феноменални политички вести. Работевме напорно, го заслуживме тоа! Да живее Србија!

Тоа е пораката што денеска на граѓаните на Србија им ја упати нивниот претседател, Александар Вучиќ, со објава на социјалната мрежа Х.
Во обраќањето до граѓаните кое што беше проследено попладнево, тој уште додаде:
„Двете цели за претстојната година се да се зачува мирот и стабилноста и да се направи се за да се направи 2026 година најдобра во историјата на Србија, што се однесува до економијата.
„Имаме две цели во 2026 година – зачувување на мирот и стабилноста и втората е дека тоа ќе биде најдобрата година во историјата на Србија поврзана со економијата. За тие две цели можеме да се фокусираме и насочиме кон остварување“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на годишната конференција.
„Ќе ја продолжиме политиката на воена неутралност, мир во регионот, ќе се придржуваме до Повелбата и резолуциите на ОН, не само во врска со Косово, туку и сите други кризи. Во исто време, ќе ја заштитиме безбедноста на граѓаните на Србија, ќе ја заштитиме нашата земја од потенцијални агресори и ќе направиме се за да ги одвратиме од напад врз Србија.“






