Вучиќ по средбата со Соренсен: Потезите на Приштина ги засилуваат тензиите и ја загрозуваат стабилноста

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград се сретна со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, и изјави дека во разговорот нагласил оти едностраните мерки на Приштина, како и примената на прописите без да се земат предвид реалните околности на теренот и без договор во Брисел, создаваат сериозен притисок врз српскиот народ и виталните српски институции во Косово.

„Содржаен разговор со Петер Соренсен за клучните прашања што ги оптоваруваат односите во регионот. Разменивме мислења за моменталната состојба во Косово и Метохија, со посебен фокус на безбедноста на српскиот народ, како и на огромната неизвесност во која живее, имајќи ја предвид селективната примена на разни прописи и очигледната дискриминација во речиси сите сфери на животот“.

 

Вучиќ нагласил дека „едностраните мерки на Приштина, како и примената на прописите без да се почитуваат реалните околности на теренот и без договор во Брисел, создаваат сериозен притисок врз српскиот народ и виталните српски институции во Косово и Метохија“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот на buducnostsrbijeav.

 

Тој додаде дека Србија останува цврсто посветена на дијалогот како единствен одржлив начин за решавање на отворените прашања.

„Очекуваме конкретен ангажман на актерите во Приштина во спроведувањето на веќе постигнатите договори. Особено го нагласив значењето на формирањето на Заедницата на српски општини, како клучен елемент за заштита на правата и безбедноста на нашиот народ, што е обврска што мора да се исполни без понатамошно одложување“.

Back to top button
Close