Вучиќ, по вторпат во 24 часа, ќе се обрати до српската јавност

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе се обрати до јавноста денеска во 15 часот, што е негово второ обраќање во изминатите 24 часа.

По неговото вчерашно обраќање, во кое најави воведување полициски час во Белград во текот на следниот викенд, повеќе од десет илјади луѓе се собраа пред српскиот Парламент, незадоволни од таа одлука.

Демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на Собранието, но полицијата со солзавец ги спречи во тоа тоа. Нешто подоцна, пристигнаа полициските засилувања, па дојде до жесток судир со насобраните луѓе.

За вечерва во 18 часот, најголемата опозициска групација Сојуз за Србија (ССС) најави протести во центарот на Белград, а една од причините е најавеното воведување полициски час.

Во синоќешните судири, повредени се 43 полицајци и 17 демонстранти, пет полициски возила беа запалени, а 23 лица беа уапсени. Улиците се мирни претпладнево, но се видливи траги од конфликтот. ссм/

Back to top button
Close