Вучиќ: Подготвен сум да разговарам со Дијана Хрка

Српскиот претседател Александар Вучиќ и порача на Дијана Хрка, мајката на млад човек загинат во трагедијата во Нови Сад, која веќе седум дена штрајкува со глад пред Народното собрание, дека е подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста.
Вучиќ во изјава за РТС, рече дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка „секогаш и во секое време“ и дека е подготвен да ја посети, но дека разговорот треба да се одвива без „политичка претстава“и без обиди за предизвикување инциденти.
„Јас сум претседател на сите граѓани и морам да ги трпам најлошите можни навреди и најлошите лаги, но секогаш морам да бидам подготвен да разговарам“, рече Вучиќ, додавајќи дека ја разбира сериозноста на нејзината болка. Вучиќ ја замоли Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад, предупредувајќи дека „никој не треба да си игра со своето здравје“.
„Немам ништо лично против Дијана Хрка. Подготвен сум да разговарам, да слушам, да помогнам ако можам. Ако сака да дојде на претседателството, ќе ја прифатам без оглед на распоредот. Мојата совест е чиста, бидејќи ја водев земјата во тешки времиња и ја одржував стабилноста повеќе од 14 години“, рече Вучиќ.
Тој потврди дека го посетил семејството Фириќ во Нови Сад, мајка која ги загуби своите ќерки Сара и Валентина при падот лани на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.






