Вучиќ потврди: Пронајдени два ранца со експлозив кај Кањижа, Унгарија воведува воена заштита на гасоводите

Српската армија денеска спречи обид за саботажа на виталната енергетска инфраструктура во северна Војводина. Претседателот Александар Вучиќ откри дека во реонот на општина Кањижа биле лоцирани два големи пакета со експлозив со голема разорна моќ, чија цел била прекин на снабдувањето со гас за Србија и Унгарија.

„Пронајдоа два ранца, два големи пакета со експлозиви со фитили. Имаме и некои други индиции. Разговарав со Виктор Орбан за оваа вест, бидејќи ако имаше прекин, Унгарија и северна Србија немаше да имаат гас“, изјави Вучиќ.

Реакција веднаш пристигна од Будимпешта, каде шефот на дипломатијата Петер Сијарто посочи дека нападот е дел од стратегијата на Украина за блокирање на руските енергенси. Сијарто појасни дека иако нема директни докази за сторителите во овој конкретен случај, методот е идентичен со нападите врз „Северен тек“ и „Дружба“.

Поради сериозноста на ситуацијата, унгарскиот дел од гасоводот отсега ќе го чува војската.

„Армијата ќе го штити гасоводот на целиот дел од српско-унгарската до словачко-унгарската граница, бидејќи нападите стануваат сè почести“, потврдија од унгарскиот Совет за одбрана

Back to top button
Close