Вучиќ: Работите се покомпликувани од она како што ги замислува Приштина

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествуваше денес на панелот во рамките на Белградскиот безбедносен форум (ББФ) прку видео врска заедно со Авдулах Хоти, премиерот на Косово, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и Рајан Тали, директорот на безбедносниот совет на Белата куќа.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Вучиќ на панелот посочи дека Приштина мора да го смени ставот дека единствено решение е Србија да го признае Косово и да разбере дека е потребно да се спроведат сите потпишани договори, пред сè, Бриселскиот, додавајќи дека само на тој начин може да се најде компромисно решение, за кое нема алтернатива.

Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, кажа дека во последните две децении видовме голема трансформација на односите меѓу земјите од регионот, што е јасен знак за стабилна иднина, за што им се заблагодари на ЕУ и САД за нивната улога. -Што се однесува до Косово, нашата политика за регионални односи се заснова на конструктивност и добрососедски односи. Ова е можно само кога се признаваме едни со други и водиме конструктивен дијалог.

Имаме јасни знаци дека придонесуваме за безбедноста во регионот, мислам дека Западен Балкан треба да остане регион со јасна евроатлантска иднина. Ние не сме на границите на ЕУ, кажа Хоти, кој додаде дека договорот од Вашингтон е„ историски момент“ и дека Приштина е подготвена за него.

Back to top button
Close