Вучиќ се обрати на јавноста: „Ќе се бориме и ќе победиме“
По оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ, следеше објава на Инстаграм профилот на Александар Вучиќ.
Без дополнителни објаснувања, тој објави фотографија на која пишува:
„Предавањето никогаш не било и нема да биде опција за Србија. Ќе се бориме и ќе победиме“.
Објавата има речиси 7.000 лајкови и 700 коментари. Дел од коментарите му даваат поддршка на Вучиќ додека други му се исмеваат и му препорачуваат да се тргне од власт.
Вечерва во Србија ќе има вонредна седница на владата на која ќе се зборува за изборите. Се очекува официјално обраќање на Вучиќ во 20.00 часот.
View this post on Instagram