Вучиќ: Сите се подготвуваат за војна – тоа значи дека ќе ја има

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на свеченото отворање на новата брза железничка пруга меѓу Белград и Суботица изјави дека светот влегува во многу опасен период и дека, според него, „сите се подготвуваат за војна“.

„Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде потешко и кај нас, затоа што луѓето мораат да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека таа и ќе се случи. Јас ви велам – ќе ја има,“ рече Вучиќ, пренесе Telegraf.

 

Според српскиот претседател, глобалните сили веќе не се заинтересирани за разговори и дипломатија, туку исклучиво за конфронтација.

 

„Не ги интересираат разговори и преговори. Ги копаат своите ровови и го чекаат почетокот, а знаат дека војната секогаш ќе дојде. Чекаат и се подготвуваат,“ изјави тој.

Изјавата на Вучиќ доаѓа во момент на засилени геополитички тензии во Европа и светот, каде што честопати предупредува дека Србија мора да биде подготвена на сите сценарија – Скопје1.мк

Back to top button
Close