Вучиќ: Со Северна Македоноја сме најблиски и немаме ниту едно отврено прашање

И кога имавме одредени проблеми, бевме секогаш блиски, а денес сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отврено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во воведното излагање на политичкиот дел од самитот Отврен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

 Тој им честита на Северна Македонија и Албанија на почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата ОБ и понатаму ќе допринесе н а економското јакнење и поврзување, да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања.

Тој кажа дека воведувањето на зелените коридори на ОБ допринесе до раст на трвовијата од 17 отсто, отварањето на наменскити ленти на ОБ на границите доведе до намалување на чекањето на 15 минути.

-Србија продолжува да работи на модернизација на граничниот премеин Прешево и планирано е до 2022 година да се додадат уште две ленти, а се надеваме на уште поинтезивно унапредување на фитосанитарните и ветеринарните сертификати, а докуметите кои денес ги потпишуваме се резултата на заедничката посветенст на работа во изминатиот период, меѓу кои е Договорот за непречено снабдување на основните животни намирници на ОБ со што доколку било која држава донесе забрана за ивоз за прехранбени производи, тоа нема да се однесува на земјите членки на ОБ.

Вучиќ ги повика и властите и опозицијата во земјите на ОБ да го разберат значајот на овој проект и да помогнат да се направи нешто големо заради нашата иднина.

Тој ги неведе сите досегашни договори и меморандуми и го поздрави одржувањето на Првиот меѓународен саем Винска Визија Отврен Балкан.

Српскиот претседател се заблагодари на учеството како гости на Самитот на премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседателот на советот на министри на БИХ Зоран Тегелтија, на шефовите на дипломатијата на Унгарија и Турција Петер Сијарто и Мевлед Чавушоглу што кажува колку сме сите ние поврзани и потребни едни на други, и зачестелноста на овие Самити, без разлика што некои не се формално дел на ОБ, како и дека сите тие со сите земји на ОБ ќе можат да развијат најуспешна можна соработка.

 

Back to top button
Close