Вучиќ:Терористички напад се случи пред собранието

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денеска пред Собранието на Србија се случил терористички напад, бидејќи било употребено огнено оружје со цел предизвикување општа опасност. Истакна дека било само прашање на време кога ќе се случи вакво нешто.

„Ова можеше да се случи во Ужице, во Ваљево, во Нови Сад“, рече Вучиќ во вонредното обраќање од Палатата Србија.

Тој истакна дека токму таа една единствена точка пред Собранието на Србија, која, како што рече, е единствената точка на отпор кон насилството, претставувала најголем проблем.

„Таквата омраза и агресија беа насочени и против студентите кои сакаат да учат, и против сите луѓе кои ја зазедоа само една, единствена точка на ниво на цела Србија – за разлика од блокадерите кои секојдневно заземаат илјадници точки, кои ги окупираа сите факултети и училишта во еден момент, без да прашаат никого, каде сè уште владее терор, мешавина од неред што го оставија, терор со плакати, крвави раце и сè друго што веќе постои“, изјави Вучиќ.

Back to top button
Close