Вучиќ: Владата донесе одлука за доставување барање до КФОР за враќање на одреден број српски војници

На владината седница одлучено е вечерва по електронска пошта, а утре претпладне на административниот премин да му доставиме на командантот на КФОР барање, кое е во согласност со Резолуцијата 1244, да се врати одреден број воен и полициски персонал на Косово, кој брои од стотици до илјада луѓе, изјави вечерва претседателот Александар Вучиќ по седницата на Владата.

Ова е првпат Владата на Србија да усвои вакво барање, додаде Вучиќ и оцени дека не мисли дека постои можност Кфор да го прифати барањето.

– Тоа во овој момент би било важно за заштита на српското население и за она што е предвидено во Резолуцијата, а тоа е контрола на административните премини, особено на Јариње и Брњак и драматично би ги намалило тензиите. Тоа би било добра одлука. Речиси сме сигурни дека нема да биде прифатено врз основа на се што слушнавме, изјави Вучиќ на РТС во обараќањето до јавноста.

Вучиќ презентираше и дел од француско-германскиот предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина и оцени дека барањата во него се „најтешките можни за нас”.

Тој рече дека член 2 вели: „Двете страни ќе се раководат од целите и принципите претставени во Повелбата на ОН, особено оние кои се однесуваат на суверената еднаквост на сите држави, почитувањето на нивната независност, автономија и територијален интегритет и правото на самоопределувањето”.

-Што можете да направите освен да скокнете од кожа, рече Вучиќ и додаде дека тоа и го даваат на „Србија, на која и ја уништија територијалната целост и право на самоопределување”.

Тој го посочи и Член 3 – во согласност со Повелбата на ОН, страните секој спор го решаваат исклучиво со мирни средства и се воздржуваат од закана и употреба на сила. –Па зошто употребија сила против Србија, реплицираше Вучиќ на овој член, додавајќи дека „ние не стапнавме на територија на друга држава. Затоа имаме 2.500 мртви луѓе, 82 деца – и малата Милица и малата Бојана и малата Сања”, рече тој, мислејќи на бомбардирањето во 1999 година.

-На сето ова не можеме да кажеме не, мора да кажеме дека мора да разговараме, рече тој.

„Во еден од членовите на овој план во последниот пасус се вели – Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.

-Што значи дека Србија нема да се противи на членството на Србија во ОН. Сакам луѓето во Србија да го знаат тоа… Барањата ни се најтешки можни, рече тој.

Како што кажа српскиот претседател, француско-германскиот план е предлог, но има една работа што им ја разјаснивме, а тоа е дека за нас не доаѓа предвид признавање на Косово и членство во ОН.

Во поглед на формирањето на Заедницата на српски општини на Косово, како еден од условите за деескалција на ситуацијата, Вучиќ кажа дека „не верува да некогаш ќе биде формирана ЗСО, и дека ќе бараат начин да ги обвинат Србите за некакви немири.”

Според Вучиќ САД нема да го промени односот кон Косово и Србија, но изрази надеж „дека Америка ќе биде подготвена да не слуша во периодот пред нас повеќе отколку

што Европа ќе биде подготвена да не слуша, можеби САД суштински подобро ја разбираат ситуација.

Back to top button
Close