Вучиќ во недела во Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 21 и 22 јануари ќе престојува во Македонија, каде ќе учествува на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, соопштиле од тамошната Служба за соработка со медиуми на Претседателот на Србија.

Предвидено е Вучиќ да присуствува и на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на состанокот на лидерите за Планот за раст на Западен Балкан.

Домаќин на Самитот е премиерот Димитар Ковачевски, а на кој покрај лидерите од Западен Балкан, ќе учествуваат и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување Герт Јан, помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан и претставници на Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на Коморите на Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции.

Back to top button
Close