Вучиќ во Србија и Орбан во Унгарија убедливо победија на изборите
Претседателот и претседателски кандидат на СНС, Александар Вучиќ, вечерва соопшти дека според податоците на неговата партија, од досега обработениот материјал освоил меѓу 59,9 и 60,1 отсто.
Вучиќ пред новинарите во изборниот штаб на СНС изјави дека опозицискиот кандидат Здравко Понош освоил 17,7 отсто од гласовите, Трето пласираниот Милош Јовановиќ освоил 5,9 отсто, .
„Освоив 59,9 до 60,1 отсто од гласовите“, рече Вучиќ и доби голем аплауз од сопартијците, бидејќи таков резултат значи победа во првиот круг.
Вучиќ изјави и дека бројот на неважечки ливчиња на претседателските избори бил нешто помал отколку на парламентарните.
Тој вечерва изјави дека според листата предводена од „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ освоила 44 отсто од гласовите, што е околу 124-125 пратенички места во парламентот.
Според податоците што ги изнесе, листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ освоила 44 отсто од гласовите, поточно 43,95 отсто, „Обединети за победа на Србија“ – 13,6 отсто, а листата „Ивица Дачиќ – Премиерот на Србија 11 , 4 отсто.
И Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на денешните парламентарни избори.
Во својот говор, Орбан рече дека „изгледа прилично добро, можеби никогаш подобро”.
„Ова е голема победа. Освоивме толку многу што може да се види од Месечината, а секако и од Брисел”, рече Орбан.
Според првичните резултати, владејачката партија Фидес на премиерот Орбан има убедлива предност пред обединетата опозиција.
Резултати од 74,52 проценти од обработените избирачки места:
Фидес: 54,45 проценти
Обединети за Унгарија: 33,72 отсто
Движење на нашата татковина: 6,40 отсто
Состав на Парламентот:
Фидес: 135 пратеници
Обединети за Унгарија: 57 пратеници
Движење на нашата татковина: 7 пратеници







