Вучиќ: Во Србија утринава пристигнаа уште 10.000 вакцини против коронавирус

Во Србија утринава пристигнаа уште 10.000 вакцини против коронавирус, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Од рани зори борба за вакцини, за секоја вакцина, за секој граѓанин на нашата Србија! Многу состаноци, многу тешки разговори, рече Вучиќ во видеото кое го постави на Инстаграм.

Според српскиот претседател, светот денеска е како Титаник.

– Богатите пробаа да обезбедат чамци за спасување само за себеси, богатите и големите, а нас останатите да не остават без ништо, да потонеме заедно со Титаник. Ние сме жилав народ, ќе се бориме! Ќе се бориме за својот опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Затоа сакам да ве известам дека утринава добивме овде во Белград уште 10.000 нови вакцини. Ќе успееме и ќе победиме заедно! , рече Вучиќ.

Back to top button
Close