Вучиќ: За три дена остарев колку за 10 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата околу Украина „воопшто не е наивна“ и рече „дали да ги потсетувам што ѝ правеа на Србија“. Вучиќ беше на отворањето на погонот на фабриката „Вакер Нојсон“ во Крагуевац и беше запрашан дали Србија ќе ги сноси последиците од невоведувањето санкции кон Русија, како и за коментарот на твитот на Карл Билт дека Србија може да се збогува со ЕУ. Како што пренесува Б92 претседателот на Србија посочил дека се работи за изживување на посилниот над слабиот .

q.

„Не се сеќавам дека била ваква тешка ситуација, да го цитирам Лаушевиќ, ‘Годината помина, но денот никако’. За три дена остарев колку последните 10 години“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за барањето дека Косово треба итно да биде примено во НАТО, Вучиќ рече: „Првпат слушнав за тоа пред неколку месеци, тоа не е идеја на Албанците од Косово, тоа е идеја на нивните лобисти во ЕУ и САД“.

„Зошто им е тоа важно? Прво, сакаат да натераат четири земји од ЕУ, кои се членки на НАТО, да ја признаат независноста на таканареченото Косово. Не можете да станете членка на НАТО ако не сте држава. Тоа е начин, но и изговор за некои земји да го прифатат тоа и да кажат дека мораме затоа што немаме друг излез“, објасни тој.

Вучиќ како друга причина го наведе обидот да се стави Србија пред свршен чин, бидејќи, како што вели, некој сака да ни каже „само вие останувате да го признаете Косово, а вие немате избор“.

Одговарајќи на новинарско прашање за вооружувањето на Германија, Вучиќ вели дека не знае точно дали инвестицијата од 100 милијарди евра што Германија има намера да ја вложи во армијата е на годишна или петгодишна основа, но посочува дека тоа е исклучително важно.

 

„Никој не може да се споредува со Германците по тоа прашање, бидејќи тие имаат најразвиена воена индустрија во Европа и ќе бидат најсилната армија во Европа. И нам ни викаат кога ќе вложиме неколку милиони“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека кога Германија станува најсилна воена сила, во Европа тоа значи дека се менува сѐ, јавува Б92.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close