Вучич: Во Сараево не носев пушка, туку статив за камера, првпат слушам за “Сараево сафари”

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека никогаш не носел снајперска пушка и дека за прв пат слуша за наводите за „човечки сафари“ („Сараево сафари“) за време на опсадата на Сараево.
Истражувачкиот новинар Домогој Маргетиќ поднесе жалба до обвинителството во Милано против Вучиќ, тврдејќи дека бил вмешан во таканареченото „Сараево сафари“ – стрелање на цивили за плата за време на бруталната опсада (1992–1995) од страна на српските сили.
„Никогаш не сум носел снајперска пушка и не знам ништо за никакво „сафари“. Немав оружје. Кога дојдов и прашав дали можам да бидам со нив, тие рекоа: “ни треба новинар кој знае англиски“. Приказната е толку апсурдна и сите ја знаат. Имам записи, сведоци – и таму каде што тврдат дека сум носел пушка, всушност држев статив за камера“, изјави Вучиќ за Информер. Пред години, Вучиќ тврдеше дека на фотографиите за кои станува збор не носел пушка, туку чадор.
Во исто време, сепак, низ медиумите низ целиот свет продолжуваат да циркулираат голем број обвинувања што го поврзуваат Вучиќ со акциите за време на опсадата на Сараево. Италијанското обвинителство истражува обвинувања дека богатите западноевропејци им платиле на војниците од босанските Срби да пукаат во цивили во цинична „ловна“ практика за време на војната. Откритијата на италијанскиот писател и новинар Гавачени јасно покажуваат дека оваа можност била организирана од српската безбедносна служба. Во 1993 и 1994 година, десетици странци платиле помеѓу 80.000 и 100.000 евра за да пукаат во едно лице.
Во интервју за списанието „Дуга“ во 1994 година, Вучиќ рекол: „Како волонтер, отидов во Сараево, Србија. Поминав некое време на еврејските гробишта“.
Српскиот воен злосторник Воислав Шешељ, лидер на Радикалната партија, чиј член во тоа време беше Вучиќ, изјави во Хаг: „Вучиќ беше волонтер со Славко Алексиќ (српски четник во Босна и член на истата формација) на еврејските гробишта“.
Зачувани се видеа од младиот Вучиќ како држи предмет што личи на пушка во раката, како и документарниот филм на тема „Ловците на луѓе од Сараево“.
Извор: racin.mk






