Вулин бара казнување политичари во врска со вчерашните протести

Според него, за сето ова се виновни опозициските политичари, а за демонстрантите кои синоќа излегоа на улиците вели дека се „хулигани“.

– Бидејќи не се казнети оние кои влегоа со моторна пила во РТС, оние кои ја искористија својата парламентарна функција за да ги разбијат вратите на Народното собрание, затоа што не се казнети оние кои организираа протести за време на вонредна состојба, затоа што никој не беше казнет за блокирање на сообраќајот во Белград и малтретирање на мирните граѓани, ете затоа хулиганите и политичарите кои ги поттикнуваа, дивеаја синоќа во Белград, напиша Вулин.

Тој нагласи дека „Србија мора да докаже дека во неа владеат закони, а не насилници и политичари кои само насилно можат да влезат во Парламентот“, барајќи да се казнат политичарите.

– Или секој политичар кој повикува на насилство и секој насилник кој синоќа го уништуваше Белград ќе биде пронајден и казнет, или во Србија нема демократија. Србија на насилство треба да одговори со силата на законот, заклучи српскиот министер за одбрана.

Back to top button
Close