Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

 Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори на соодветен начин, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин во вечерашното телефонско вклучување за ТВ Пинк, порачувајќи дека силата на законот мора да го спречи насилството.

Тој истакна дека ова што се случува вечерва во Белград, Нови Сад и другите градови во Србија, како и тоа што се случуваше вчера, е обид за предизвикување граѓанска војна.

– Државата Србија ќе победи. Да го зачуваме владеењето на законот и на правото, како и политичката и секоја друга стабилност. Оние кои се обидуваат да го уништат се она кое го граделе претходните генерации мораат да знаат дека ќе се соочат со јасен одговор од државата, нагласи министерот за одбрана.

Вулин смета дека „овие собири се добро подготвени и организирани и освен насилство и обид за државен удар немаат друга цел. Тука не станува збор за вонредната состојба, ниту мерките на Кризниот штаб, туку само обид да се дојде на власт со насилство“.

– Ова се само обиди да се предизвикаат судири меѓу српскиот народ и да се урне, понижи и уништи српската држава, изјави Вулин за ТВ Пинк.

Back to top button
Close