WIPO – Пандемијата поттикна приватни и јавни инвестиции во иновации

Пандемијата со Ковид -19 ги зголеми инвестициите во истражување и развој во фармацевтскиот и софтверскиот сектор и го намали интересот за транспорт и патувања, покажа  извештајот на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO). Научните активности, трошоците за истражување и развој, апликации за интелектуална сопственост и инвестиции во иновативни компании, повторно пораснаа во 2020 година, по рекордната 2019 година, наведуваат од WIPO.

ОН веќе објавија „рекорден“ број на апликации за патенти поднесени во 2020 година, а главните двигатели според Глобалниот индекс за иновации објавени денеска беа „медицински технологии, фармацевтски производи и биотехнологија“.

Речиси шест од 10 компании со интензивно истражување и развој пријавија значително поголеми трошоци во 2020 година, а достапните податоци сигнализираат дека многу влади, исто така, ветиле повеќе пари, и покрај високите фискални трошоци и трошоците за позајмување поврзани со пандемијата, посочува WIPO.

Тие предупредија, сепак, за големи разлики во трошоците за истражување помеѓу регионите и секторите, истакнувајќи дека „компаниите во секторите сериозно погодени од мерките за пандемија“ се принудени да ги намалат трошоците за иновации.

Back to top button
Close