WWF: Ефективни политики и мерки и исполнување на сите климатски ветувања

 Итно спроведување ефективни политики и мерки и исполнување на сите климатски ветувања дадени досега, се двете главни барања што Светската организација за заштита на природата (WWF) ги поставува пред светските лидери пред почетокот на Конференција за климатски промени COP26.

Како што информира НВО „Еко-свест“, рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени COP26 оваа година се одржува во Глазгов од 31. октомври до 12. ноември 2021 година. На оваа конференција се среќаваат владини претставници ширум светот за да ги дефинираат заедничките политики и мерки како одговор на климатската криза, односно да ги исполнат ветувањата дадени на голем број претходни самити, сумирани во Парискиот договор од 2015 година.

-Со започнување на ефективни и амбициозни акции и насочување на преговорите на ОН кон една единствена цел – ограничување на глобалното затоплување на ниво до 1,5 целзиусови степени – можеме да ги избегнеме најразорните влијанија на климатските промени врз луѓето и природата. Собирот во Глазгов можеби е и последна шанса за забавување на климатските промени, постигнување на договор со светските лидери и исполнување на сите претходни ветувања поврзани со климатските промени, истакна координаторката за политики за WWF Adria во Македонија, Ана Чоловиќ Лешоска.

WWF формулираше пет главни ветувања чие исполнување итно се очекува од присутните на COP26. Тие се: забрзано намалување на емисиите на јаглерод диоксид, примена на решенија коишто се темелат на природата, итна помош на природата и прилагодување на луѓето, финансирања во иднината и ефикасно спроведување на политиките и мерките за ублажување на климатските промени.

Неопходна е итна акција од страна на владите во регионот. Во последните години, Балканот е силно погоден од глобалното затоплување и е ранлив на климатските промени. Евидентиран е пораст на просечната температура од 1,2 целзиусови степени, а се очекува дополнително затоплување од 1,7 до 4 целзиусови степени, во зависност од примената на локални и меѓународни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови во наредните години.

WWF ги повикува граѓаните да се приклучат на кампањата #WeWontForget и да ги потсетат нашите лидери да не ги заборават нивните ветувања дадени во врска со целите и конкретните мерки за ублажување и прилагодување на климатските промени, како и дека е неопходно истите да бидат во согласност со новите глобални напори

Back to top button
Close