За 24 часа само три ковид-пациенти хоспитализирани во Скопје, вкупно 249 се лекуваат во болниците низ дражавата

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има 538 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани три нови пациенти поради компликации од Ковид-19. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, а 148 во другиот дел од земјата.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48
пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп девет, во ковид-центарот во Гостивар еден, а во Струга 10 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани три во Кичево седум, Кавадарци три, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

-Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од министерството.

Оттаму потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Back to top button
Close