За 7,8 милиони долари се продадени дресовите што Меси ги носеше на Мундијалот во Катар


Фудбалските дресови, вкупно шест, кои ги носеше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на Светското првенство во Катар беа продадени за 7,8 милиони долари, на аукција одржана во Њујорк.

Продадени се како комплет и според аукциската куќа Сотби се најскапите продадени спортски сувенири годинава.

Исто така, ниту еден предмет поврзан со Меси никогаш не бил продаден за повисока сума пари.

Рекордна цена платена за спортски сувенир останува 10,1 милиони долари платени за дресот што кошаркарскиот ас Мајкл Џордан го носеше на првиот натпревар од финалето на НБА лигата во 1998 година.

Back to top button
Close