За брзо возење 25 санкции, шест за пијани возачи на територија на СВР Битола

Санкционирани се 25 возачи во зајакната акциска контрола  на полицијата на територијата на државава спроведена  вчера од 12 до 18 часот. Од нив 22 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а три надвор од населено место. При тоа спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што се санкционирани шест возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, најавуваат од Министерството за внатрешни работи.л

Back to top button
Close