За брзо возење казни за 200 возачи на територија на цела држава

Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се казнети 220 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Back to top button
Close