За брзо возење вчера казнети 110 возачи

 

Во засилена акциска контрола во сообраќајот, вчера на територијата на целата држава полицијата казнила 110 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

МВР информира дека од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Back to top button
Close