За Централен регистер не било спорно здружението „Ванчо Михајлов“ бидејќи не повикува на рушење на државата  

„Централниот регистар смета дека во запишаните цели и програма на делување на здружението ‘Културен центар Иван Михајлов Битола’ нема елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, не се преземаaт активности поврзани со тероризам, активности кои се спротивни на Уставот или закон, ниту се повредуваат слободите и правата на други лица, за што е одлучено да се донесе Решение за упис“, тврдат од Централниот регистер по бурните реакции во јавноста за именувањето на културниот центар на Бугарите во Битола.

Во објаснувањето се додава и дека по основањето на здружението на 15 март 2019 година, никој не поднел жалба за неговата регистрација иако законот го дава тоа право.

Барањето за регистрација го поднел извесен Љупчо Ѓоргиевски и барањето поминало низ сите законски процедури вклучително и низ Министерството за правда, во врска со што тогашната министерка Рената Десковска вчера појасни дека е даден негативен одговор. Централниот регистер, пак, денеска се надоврзува велејќи дека подносителот на барањето Ѓоргиевски донел нотарска изјава дека Ванчо Михајлов нема наследници кои ќе го спречат користењето на неговото име, со што биле исполнети законските услови за регистрација на здружението што го носи името на нацистичкиот соработник

 

 

Back to top button
Close