За да се смени градоначалник граѓаните ќе треба да се изјаснат на референдум, вели Перински

Отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција за која се избрани од страна на граѓаните би требало да биде преку референдумско изјаснување, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

-Во суштина, отповикот на градоначалник врз основа на примерите кои пред да започне процесот ги разговаравме со експертскиот тим, би требало да биде преку референдумско изјаснување на оние кои истиот градоначалник го довеле на таа позиција на која што е. Мора да бидеме многу внимателни и сите измени да ги интегрираме согласно Уставот за да немаме после тоа проблеми и аномалии во донесувањето на истото законско решение.

Значи, навистина ќе се внимава на секој момент и затоа мислиме дека е најсоодветно оваа промена или оваа адаптација на законот да оди преку референдумско изјаснување на граѓаните од таа општина, во која што треба да се јави оваа можност во иднина – рече Перински за МИА.

Back to top button
Close