За Даравелски, сепак, не настапила застареност на извршување на казната?

За поранешниот директор на Царинската управа, најверојатно, не настапила застареност на извршување на санкцијата (казната затвор) бидејќи тоа го спречиле надлежните органи со тоа што изминатите години испраќале барања за екстрадиција во Србија. Она што не може да се спречи е апсолутна застареност на извршувањето на санкцијата, но таа во случајот настапува во 2028 година, пишува 360stepeni.mk

Членот 109 од Кривичниот законик (КЗ) го регулира застарувањето на извршување на санкцијата и во него е определено кога казната нема да се изврши.

Случајот со Даравелски го покрива ставот 3 од овој член кој предвидува дека „казната нема да се изврши кога ќе поминат десет години од осуда на затворска казна од над пет години“. Даравелски беше осуден на седум години, а пресудата стана правосилна во 2008 година што значи дека ако се анализира само оваа одредба, за поранешниот прв цариник застареност настапила во 2018 г.

Член 109 од Кривичен законик
целиот текст на  360stepeni.mk

Back to top button
Close