За две години во Словенија се запишале над 3 илјади студенти од Македонија, колку ќе заминат во октомври годинава?!

Не запира интересот, туку е се поголем кај младите од земјава за започнување на студии во Словенија. Според информации до кои дојде Денар, нешто над 3000 студенти во последниве две години решиле студиите да ги завршат во оваа земја од Европската унија.

Одличните услови, програмата, професорскиот кадар и дипломата, која е признаена во западно европските држави, се главните адути за македонците да замнинат во Словенија на студии. За полесна да им биде одлуката на македонците за студирање во Словенија, дел од факултетите нудат и бесплатни студии за македонските граѓани. На интернет може да се најдат сајтови преку кои може лесно да се аплицира и да се добие оваа поволност. И експертите ќе кажат дека нема ништо страшно, младите да се запишуваат и да студираат во странство, тоа може да донесе само бенефит на државата, но доколку тие млади луѓе се вратат во земјава и тука решат да го продолжат својот живот со знаење и пракса стекната во европска држава. Тука се поставува прашањето како државата тоа да го стори и кои се механизми ќе и требаат за да им овожможи на младите услови за нивно професионално и секакво друго надградување. Загрижувачки е тоа што државата нема официјална статистика колку студенти во моментов имаме во странски земји кои решиле не во Македонија туку студиите да ги поминат надвор од земјава. Тоа што се знае е дека за последниве 15 години државата платила стипендии на околу 400 студенти да се запишат на еден од 100те најдобри универзитети низ светот. Ставот на надлежните е дека се работи на подготовка на нов Закон за високо образование. Според новото решение, тој треба да обезбеди повеќе права и можности за професорите и студентите. Се разгледува и можноста за обезбедување загарантирано вработување за најдобрите студенти. Исто така, се подготвува и нов Закон за студентски стандард, кој има за цел да го подобри начинот на финансирање на студентските домови, начинот на доделување стипендии и да обезбеди повеќе можности за младите луѓе кои избираат да продолжат со академско образование. Целта на владата е да ја стимулира науката и во таа насока е и онаа активност за обезбедување на бесплатен пристап на сите научници и млади, но и поискусни, на две бази на научни списанија. Премиерот потенцираше дека нашите универзитети имаат капацитет да се приближат напред кон првата илјадарка“ на Шангајската ранг-листа. Буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата година.

(Denar.mk)

Back to top button
Close