За еден ден во САД од коронавирус умреа повеќе од 3.000 лица

Во изминатите 24 часа во САД се пријавени повеќе од 3.000 смртни случаи од коронавирус, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Си-Ен-Ен појаснува дека ова е петти пат од почетокот на пандемијата во еден ден во САД да има повеќе од 3.000 смртни случаи од Ковид-19.

САД се најпогодени од пандемијата на коронавирусот и кога станува збор за бројот на заразени и на бројот на смртни случаи.

Back to top button
Close