За една четвртина помалку склучени бракови во 2020

– Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25.6 % и изнесува 10 278.

Најмногу бракови, 1 423 или 13.8 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец  април, 162 или 1.6 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.1 % за жените и 92.8 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.5 % и трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2020 година, најголем број бракови, 3 380 или 32.9 %, кај жените се случиле во старосната група од 20 до 24 години, додека кај  мажите се случиле 3 780 бракови или 36.8 % во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29.7 години за младоженецот.

Намалување лани се бележи и кај разводите од 21.2 % во споредба со 2019 година. Вкупно се регистрирани 1 569 разводи. Најмалку бракови 29 или 1.8 % се разведени во месец мај, а најмногу 199 или 12.7 %, во јули.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 278 или 17.7 % кај жените и 262 или 27.7 % кај мажите.

Според траењето на баракот, најмногу разводи, 324 или 20.7 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Back to top button
Close