За една недела 11 починати и 285 новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион
Според секојдневната евиденција на заболени и починати од ковид-19 на Министерството за здравство, во тетовскиот регион во минатата недела се запишани вкупно 11 смртни случаи и 285 новозаболени лица. Најголем број на инфицирани (61) имаше во четвртокот, додека во петокот имаше регистрирано најмногу пет смртни случаи.
Доктор Гзим Нуредини од ковид центарот при клиничка болница Тетово, за променливоста на бројките на заболени и тоа колку има потреба од хоспитализации, потенцира дека сè уште медицината се соочува со непредвидлива и непозната болест. Околу потреба на луѓето кои треба да бидат на болничко лекување, вели дека состојбата во текот на неделата е слична.
– Во моментот има 45 лица кои се хоспитализирани. Сè уште се соочуваме со здравствениот карактер и психички товар со кој се соочуваат лекарите. Еден лекар ќе добие сто повици. Со оглед на непредвидливоста на болеста ние да имаме и 100 кревети, сите ќе може да пополниме. Претежно сите хоспитализирани се наоѓаат во тешка состојба и со потреба од кислородна поддршка. Тоа се луѓе со оштетена белодробна површина каде нема можност за размена на гасови, рече Нуредини.