За една недела уште 1,3 милиони невработени во САД
Уште 1,3 милиони Американци поднесоа барање за надомест за невработеност минатата недела. Речиси нема промена од претходната недела, што е резултат на континуираното ширење на коронавирусот во САД, јавија американските медиуми.
Бројот на поднесени документи за помош поради невработеност се намалија за 10.000 помалку за седум дена до 11 јули на 1,3 милиони луѓе во однос на 1,31 милиони претходната недела, според властите.
Дополнителни 928.488 лица во 47 држави аплицирале за помош во рамките на специјалната програма за помош на работниците погодени од пандемијата.
Во неделата до 4 јули, сепак, невработеноста падна за 0,3 проценти на 11,9 проценти.
Вкупно околу 57 милиони луѓе се пријавиле на пазарот на трудот од средината на март. Пред кризата, имаше помалку од 225.000 невработени неделно.