За година и пол од денес Црна Гора и Албанија ќе станат нови членки на ЕУ според Макрон.Како и кога ние?!

. Според однесувањето на Макрон, Црна Гора и Албанија во 2027 ќе станат нови членки на ЕУ. Тоа е за година и пол од денес. Честито и на двете пријателски земји!
Ние
2. Марта Кос е во право дека сме тажна приказна. Но, не е во право дека ние сме виновни за тоа. Покрај толку исполнување пред- услови, станавме тажна, изнемоштена, зомбирана… држава кој вртоглаво назадува. Замислете, исполнување пред-услови за да почнеме преговори! Мислам дека и КОС-овка го знае тоа. Знае дека тажната приказна ја создаде Брисел, а не ние. Исто така, мислам КОС-овка знае за двојните стандарди на Брисел. Еклатантен пример: Москва упорно ја држи тезата отворена, дека Украина е вештачка држава без историја, нација и идентитет. Оваа теза е идентична со барањата на нашиот сосед изразено во немилосрдно вето. До тотално изнемоштување. Еден стандард на Брисел важи за Украина. Друг за нас. Тоа е еклатантен пример на двојни стандарди.
Можно решение?
3. Еднаш напишав. Собранието може да донесе нова кратка, јасна, сувопарна Декларација во која изјавуваме дека пристапуваме кон бараните измени на Уставот со еден Неотповиклив Услов Во Декларацијата . Го задржуваме Правото за замрзнување на понатамошните преговори, доколку процениме дека во процесот на преговори се вметнуваат билатерални прашања и потенцијални вета. Тоа е наше легитимно и неотповикливо право. Никој не може да даде валидни гаранции, како што можеме да си гарантираме самите себе неотповикливо
.
4. AI
Предлог Декларацијата по можност да се консултира со една од AI платформите. Тоа го прави и Брисел. Одамна не верувам во искреноста и капацитетот на концентричните кругови на дворјаните околу партиите, како академици, експерти, професори, аналитичари…Сметам дека се политички инфицирани било како Blue Necks или Red Necks сеедно.
Да им ги вратиме картите на маса во Брисел, па нека одлучуваат. На културен, ако сакате и на циничен начин. Но пред се, 120 пратеници нека усвојат ваква Деклација со Неотповиклив Услов.
Руди Лазаревски

Back to top button
Close