За ГП „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица, од македонска страна има задржување за влез во државата, времето на чекање е повеќе од еден час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања, соопшти вечерва АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево