За грабежот на Уни банка приведени полицаец и наркобос кој своеволно излегол од куќен притвор

Две лица, од кои еден полицаец од Сарај, но и неодамна фатен наркобос од Грчец со иницијали С.Б., кој требало да биде во куќен притвор, приведени се во полициска станица во Скопје во врска со денешниот вооружен грабеж во Уни банка во Капиштец, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Ги фатила интервентната полиција на МВР.

Додека се во полициска станица, се проверуваат безбедносните камери во банката, за да се потврдат сомневањата дека двете приведени лица имаат врска со грабежот.

Сомневањата произлегле од тоа што при контрола на возилото, во задниот дел биле најдени панцири, ракавици, дуксери со длабоки качулки и други предмети кои асоцирале на опрема за грабеж и насилство.

Целиот текст на СДК.мк

Back to top button
Close