Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни, вели неговиот бранител Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е во куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени на судија.

 

Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека одредбата од Кривичниот законик на која се повикува Обвинителството се однесува исклучиво на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи кои управуваат со државен имот, а судството не спаѓа во таа категорија.

Според него, истата правна логика не може да се примени ниту на судии ниту на обвинители, што отвора сериозна дилема околу правната квалификација на делото.

 

Како клучен доказ, Обвинителството ги наведува 350 илјади евра пронајдени во домот на родителите на Ристов, но Давидовиќ тврди дека според записникот од претресот, парите биле пријавени како лични средства на родителите, што, како што нагласи, го потврдува и самата обвинителка.

 

„350 илјади евра беа најдени кај неговите родители, кои на записникот изјавиле дека се нивни лични средства“, изјави Давидовиќ.

Back to top button
Close