За измени на законот за урбанистичко планирање да се овозможи широка дебата, ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи овој закон да се протне на мала врата

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од опозицијата ги спречија измените на законот за урбанистичко планирање кои власта сакаше да ги протне да се донесат по скратена постапка, со чии измени ќе се овозможеше да можат да бидат изградени градби како зградите кај Холидеј Ин, далеку од очите на пошироката јавност.

Денеска на собраниската комисија за транспорт и врски власта по скратена постапка, без консултации од стручната јавност и фелата, но и пошироката јавност се обиде повторно да протне законски измени во интерес на власта.

Актуелниот закон за урбанистичко и просторно планирање е донесен само пред една година и три месеци, на кој работеа и власта и опозицијата, а истиот беше поздравен од меѓународни институции кои соработуваа за законскиот текст. На истиот ВМРО-ДПМНЕ имаше поднесено амандмани кои беа дел од забелешките на стручната фела и истите ги изнесе на јавна расправа во Собранието.

Денеска по една година и 3 месеци само СДСМ пушта нови измени на истиот закон без да консултира никого. Со овие измени власта очајнички се обиде да изменува дури и 20тина членови од законот, со кои ќе се овозможеше да бидат градени објектите како спорните згради пред Холидеј Ин за кои јавноста реагираше.

Пратениците на опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ го спречија овој обид на самоволие на власта директно да го менува законот а пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска бараше истиот да биде повлечен и да се пушти во редовна постапка по консултации со стручната јавност и фелата, да се овозможи поширока дебата за овие измени, затоа што истиот закон е важен за граѓаните и не смее да биде донесен на нивна штета, а на полза на поединци и истиот не смее да се носи во скратена постапка, далеку од очите на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците ќе го пречат секој обид на власта да креира самоволие во урбанистичкото и просторното планирање на штета на граѓаните.

Back to top button
Close