За Касами владиниот указ за запирање на градежните работи на стадионот е “политички” и нема да го почитува

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами не се откажува од уривање на стадионот во Тетово и покрај владиното укажување да прекине со градежните активности на терен се додека нема правна разврска за случајот.

Но, Касами на новинарско прашање поврзано со стадионот одговори дека ќе се работи додека не одлучи Уставниот суд, каде, пак, има поднесно Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста за започнатите работи на стадионот со оглед на фактот дека се работи за државен имот кој општината го нема во владение туку во трајно користење.

„Не може да се почитува една одлука која била пред избори и која е политички донесена. Има процедура пред Уставен суд. Ако Уставен суд донесе одлука дека тоа е спротивно на законот и Уставот тогаш ќе постапиме“, изјава Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Едната трибина на стадионот е целосно урната, а според проектот стадионот треба да добие целосно нов лик, што беше промовирано и на церемонија која Општината ја организираше во април, на која градоначалникот лично со багер почна да го урива стадионот. Но, првиот човек на општината тврди дека не се работи за рушење, туку за реконструкција.

„Значи ние не правиме рушење и промена на намената која е на тој објект, ние соглано обврските кој ги имаме се грижиме за функционалноста на тој објект, значи имаше извештај на Комисијата која со одлука на Совет се формираше за оценка на објектите во однос на сеизмичка сигурност и сигурно дека тој не е обезбеден и требаше согласно обврските кои сме ги земале, како домаќини на тој објект да преземеме чекори кон реконстукција за да биде функционален и безбеден за граѓаните“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Даријан Сотировски од Инцијативата „Тетово сака парк“ кој воедно е и претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи обвини дека Општина Тетово на чело со Билал Касами со започнатите градежните активности за уривање на Градскиот стадион го уништува државниот имот во Тетово.

Како што напиша Сотировски на својот Фејсбук профил, Советот на Општина Тетово уште минатата година донел незаконска одлука со која градскиот стадион го доделил на јавно претпријатије. Право на доделување на државен имот има само Владата, а уште помалку некој има право да урива имот на државата, како во случајот со Градскиот стадион, вели Сотировски.

Ваквите незаконски дејанија, како што напиша тој, ги потврди и Државното правобранителство до кое претходно поднел преставка.

Back to top button
Close