За Кодификаторот

Што ќе беше ако те немаше,
Ќе го читавме ли мајчиниот јазик течно и единствено,
Ќе творевме ли во бол, за непребол, за нас, за нашите корени,

За нашето име, за кое изрече “ носиме големо име, ќе сторат се да ни го земат„.
Ти се роди осознаен во зборот, не осозна и нас во единството,
Единството наречено Мајчин јазик, нашата мајка во зборот е една,
Мајка ни е родина,
Родина ни е Македонија.
Tи, кој со својот стих „Врв„ ме замисли зрело,
Се запрашав ?
За кој врв зборуваш, пееш, каде тоа со зборот сакаш да се осамиш,
Каде ничие око да не те следи, но и за кој сон и за кое величие пееш,
Величието на зборот, зборот мајчин, зборот испеан или тој, кој ти сонуваш
да го дофатиш, зборот на своето величие – величието на зборот,
зборот твој, наш, мајчин, речен и недоречен, испеан и неиспеан ,
раскажан и нераскажан, но наш и едиствено наш МАКЕДОНСКИ,
НАШЕ ВЕЛИЧИЕ.

Николчо Николовски

Посветена на великанот Блаже Конески

Back to top button
Close