За Кос губењето на идентитетот е руски наратив, нашиот го гледа во гравчето, пинџурот и манастирите


И откако Молдавија стана земја кандидат во моето портфолио, помагаме да се спречи рускиот наратив што вели дека ќе го изгубат идентитетот. Идентитетот не може, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како на пример ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците, порача денеска на прес конференцијата со премирот Мицкоски еврокомесарката, Марта Кос.

На прес конференцијата таа истакна и дека за Европската кКомисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви дополнителни политички условувања, порача Еврокомесарката Марта Кос, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, за барањата од Софија, освен уставни измени, да се усвојат и протоколите.

Прашана за тоа какви гаранции може да даде ЕУ на Македонија дека Бугарија нема да го билатерализира процесот понатаму, Кос нагласи дека нивната „политичка цел е да се отворат преговорите за Северна Македонија, по кластер 1 најскоро можно, штом ќе ги задоволи Северна Македонија релевантните критериуми, договорени

Back to top button
Close