Зајкова: ЛДП е подготвена да го прифати ВМРО-ДПМНЕ како дел од Владата доколку опозицијата ги поддржи уставните измени

Либерално-демократската партија (ЛДП) е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку опозицијата ги поддржи уставните измени.

„Европската иднина на граѓаните е најважна и секако напредокот на Македонија во преговорите со Европската унија и отворање на кластерите. И токму затоа го поздравуваме расположението на ВМРО-ДПМНЕ во нивниот избор да дадат поддршка во евроинтеграциските процеси и да гласаат за промена на Уставот“,

вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
Според Зајкова, добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, но истите да стапат во сила пред формирањето на влада во која би се приклучиле како опозициска партија.

„Сите заедно имаме одговорност по кој пат ќе ја движиме државата и каков стандард ќе им обезбедиме на граѓаните“,

додава Зајкова.

Back to top button
Close