Зајкова: Пенов имаше успешни проекти кога го водеше го Скопје, ѝ дава нова димензија на партијата

Претходно денеска, ЛДП соопшти дека на седница на Централниот одбор што се одржала синоќа и официјално бил прифатен предлогот на Извршниот одбор, Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа во владата на Ковачевски, на местото на лидерот на партијата Горан Милевски кој си поднесе оставка од функцијата
Актуелниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски оставката ја достави пред нешто повеќе од една недела, а во изјава за медиумите рече дека се повлекува од лични причини
Пратеничката Моника Зајкова од Либералдемократската партија вели дека преземањето на поранешниот лидер на партијата, Ристо Пенов на Министерството за локална самоуправа ќе ѝ даде нова димензија на партијата.

Во интервју за ТВ21 кое ќе се емитува вечерва, Зајкова рече дека Пенов никогаш не се оддалечил од ЛДП и секогаш имал советодавна улога во партијата. Вели дека тој како претседател на ЛДП имал добри резултати.

„Сметавме дека како човек кој што има навистина успешни проекти додека го водеше градот, дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа, но и тоа и дава една нова димензија на партијата во делот на тоа што ние го викаме обединување, да малку ги сплотиме луѓето на едно место и да настапиме со поинаков концепт“,

Централниот одбор на Либерално -демократската партија (ЛДП) на седница што се одржала синоќа и официјално го прифатил предлогот на Извршниот одбор Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа во владата на Димитар Ковачевски, на местото на лидерот на партијата Горан Милевски кој си поднесе оставка од функцијата.

Поранешниот градоначалник на Скопје, во вторникот, минатата недела за „360 степени“ потврди дека по консултациите претходните денови решил да и се врати активно на политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата матична Либерално-демократска партија.

Актуелниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски оставката ја достави пред нешто повеќе од една недела, а во изјава за медиумите рече дека се повлекува од лични причини.

Меѓутоа, освен од министерската, сè погласни се шпекулациите дека до крајот на годината тој ќе замине и од лидерската позиција во ЛДП, за каде што како најсериозен кандидат за нов претседател се споменува актуелната потпретседателка Моника Зајкова, која е една од двајцата пратеници што ги има партијата.

Доаѓањето на Пенов на министерската функција ќе биде негово враќање на политичката сцена по повеќе од 10 години. Тој е роден на 28 септември 1957 година во Велес, а првата висока функција што ја извршуваше беше градоначалник на Скопје. На функцијата тој се задржа во два мандата (1996-2000 и 2000-2004), а потоа беше и пратеник, исто така во два мандата. Од партиски функции, пак, беше секретар на Демократската партија до нејзиното спојување со Либералната партија во 1997 г., а потоа беше и потпретседател и претседател на Либерално-демократската партија во периодот од 1999 до 2007 година.


вели Зајкова.

Back to top button
Close