Зајкова: Влезот во ЕУ е стратешка цел и сите треба да имаат висока државна свест за нејзино остварување
„Во делот на ЕУ агендата сите треба да имаме висока државна свест и ако сме зацртале дека ние стратешка цел влезот во ЕУ, заедно да придонесеме во одење кон тој пат“ изјави претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „Фронтлајн“.
Таа додаде дека ЛДП, има своја програма која што ја следи, но кажа дека приоритетите на партијата се поклопуваат со владините приоритети како што се борбата со корупција, забрзан економски развој и реформи во образованието и младинските политики.
„Иако можеби за граѓаните е нејасно, кога сте во коалиција како да се губи тоа што е идеолошки ваше, но еве можам да напоменам дел од работите што ние сме ги издејствувале во рамки на оваа Влада. Ние секако учествуваме во донесувањето на сите одлуки, но на пример дел од ултиматумот за коалицирање од наша страна беше задржување на рамниот данок, кој што со даночните реформи се задржа, викенд без ДДВ беше исто така наш предлог, и сега се разгледува можноста на кој начин да биде имплементирано“ рече Зајкова.
Таа додаде дека ЛДП како партијата придонела и за субвенционираниот студентски оброк, носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој има пошироки основи, во кои е и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
ИЗВОР ФРОНТЛИНЕ МК