За Ковачевски премиер Албанец не е ништо ново:  Тоа го објавија Заев и Ахмети

Премиер Албанец не е ништо ново, тоа беше објавено на прес-конференција во 2020 година по по изборите кога присуствуваа Зоран Заев и Али Ахмети, кажа премиерот Димитар Ковачевски за кампањата што ја води ДУИ во јавноста промовирајќи дека Македонија ќе добие премиер Албанец.

Тие се достапни снимки, при што се формира Влада во 2020 година по изборите на кои победи СДСМ и со ДУИ формира Влада. Така ќе биде и во 2024 година кога СДСМ ќе победи и ќе формира влада со коалициските партнери. СДСМ ги почитува коалициските договори. Ова во однос на премиер кој ќе врши техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена, и уверени сме дека на изборите, кои ќе се одржат в година, ние ќе ја добиеме поддршката и повторно премиерот ќе биде од редот на СДСМ по изборите во 2024 година, рече Ковачевски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават националистичка психодрама.

Back to top button
Close