За мерките на Комисијата за заразни болести најпрво ќе одлучува Главниот кризен штаб

Владините портпароли изјавија дека новите мерки за заштита и превенција од ковид-19 предложени од Комисијата за заразни болести, ќе бидат разгледани на првата наредна седница на Главниот координативен кризен штаб, а потоа ќе бидат предложени за усвојување на седница на Владата.

 

 

Портпаролите потенцираа дека предложената мерка на Комисијата е донесена со консензус и оти со неа се предвидува сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа при одење на работното место да покажат потврда за примена најмалку една вакцина или ПЦР негативен тест направен пред 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, или пак, ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.

Комисијата за заразни болести препорача вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките предложени денеска, да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата со цел граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.

Се препорачува на овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Back to top button
Close